• четврток, 26 декември 2024

Почна поставување бекатон на улица во кумановската населба Карпош

Почна поставување бекатон на улица во кумановската населба Карпош
Куманово, 24 ноември 2022 (МИА) - Почна поставување бекатон на улицата „159“ во кумановската населба Карпош, соопштија денеска надлежните. Улицата ќе се санира во наредниот период на барање на жителите кои со години немаа инфраструктура.
Претходно, како информираа од Одделението за комунални дејности со бекатон уредени се повеќе улици во приградски и рурални средини како што се Четирце, Проевце, Лопате, во населбата Иго Тричковиќ и Карпош. Бекатон е поставен и на одредени локации во градот „Јоско Илиевски“, краци на „Народна револуција“ „27 март“. Куманово избра две компании за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки. Вкупно, за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се 16.453.878 денари. За западната страна на Куманово, избрана е компанијата „Ибро комерц 21 Ибраим и др.“, за што општината од буџетот одвои 8 милиони 260 илјади денари. За источната зона од градот за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки, избрана е скопската компанија „Билд Инг“. За оваа зона општината одвои 8.193.878 денари. ам/сст/

Остани поврзан