• сабота, 27 јули 2024

Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Куманово, 28 јули 2023 (МИА) - Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, информираа денеска од училиштето.

-Почна монтажата на лифт во нашата гимназија, а кој ќе биде наменет пред сè за учениците со физичка попреченост. Овој проект веќе некое време чекаше на својата реализација, еве и тоа се случи и полека се заокружува целокупниот проект за реконструкција и модернизација на гимназијата. За оваа намена одвоени се околу 2, 5 милиони денари, изјави директорката Марија Тодоровска.

Привршува и реконструкцијата на подрумските прострии во училиштето, кои ќе се пренаменат во финтес центар и теретана.

Претходно, заврши реконструкција на подови на 30 училници во гимназијата. Набавени се и клупи и столчиња за сите училници, поставени се сончеви завеси, набавени се професионални машини за чистење на подовите.

Претходното лето заврши обемната реконструкција на „Гоце Делчев“ во кој целосно беше реконструирана фасадата на училиштето, беше саниран одвоениот објект, училишната спортска сала.

Во гимназијата последната учебна година настава следеа 950 ученици. ам/мд/


Фото: МИА и Гимназија „Гоце Делчев“

Остани поврзан