• сабота, 09 ноември 2024

Почна полицискиот час на територија на целата држава

Почна полицискиот час на територија на целата држава
Скопје, 6 април 2021 (МИА) - Во 20 часот вечерва почна полицискиот час на територија на целата држава, а ќе трае до 05 часот изутрина. Во текот на овој временски период, движењето ќе биде ограничено. Полицискиот час ќе трае две недели, поточно до 20 април. Одлуката вчера ја донесе Владата, со цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем од коронавирусот, како и да се избегне потенцијално затворање за верските празници Велигден и Бајрам.
Што се однесува до објектите кои вршат подготовка и продажба на храна, тие може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.
Сите оние граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња - куче да може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 часот до 23:00, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат. На граѓаните кои извршиле имунизација во центрите за вакцина во непосреден период пред полицискиот час ќе им се дозволи враќање во своите живеалишта врз основа на потврда за вакцинација. Целта на оваа мерка, според надлежните, е да се заштити здравјето на граѓаните.бт/вј/

Остани поврзан