• четврток, 26 декември 2024

Почна МТФ „Денови на комедија“ во Куманово

Почна МТФ „Денови на комедија“ во Куманово

Куманово, 25 септември 2024 (МИА) - Во Куманово вчера свечено беше отворен 27-тиот меѓународент фестивал „Денови на комедија“. На отворањето на фестивалот беше доделена наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев, за неговиот особен придонес во комедијата. Лауреатот Коцев пред кумановци рече дека за него најважна е реакцијата на публиката.

- За театар се потребни двајца, едниот од оваа сцена да игра, а другиот да гледа тоа сте вие. Ние никогаш не би можеле да постоиме без вас. После ова за мене е уште потешко, затоа што одговорноста е уште поголема и очекувања ссе уште поголеми. Верувам дека нема да ја изневерам публиката и тука сакам да се заблагодарам на советот на фестивалот, на публиката за огромното признание, рече Коцев.

Фестивалот го отвори кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека фестивалот го отсликува градот и менталитетот на кумановци.

- Сака да се заблагодарам на сите актери кои се вградија во овој фестивал, на гостите кои изминативе 27 години беа гости на фестивалот, рече Димитриевски.

Први пред кумановската публика на првата вечер настапи велешкиот театар со „Вечера за глупаци“, вечерва е претставата „Секс, лаги и љубомора“ на народен театар Охрид. Кумановци ќе ги видат и комедиите „Фустан за бегство“ на драматичен куклен театар од Враца, Република Бугарија, „Автопат Сагбама“ на Позориште „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, „Итроштините на Патук“ од тетовскиот театар, „Се бара нов маж“ од драмско куклен театар Плевен, Бугарија, „Мажи во влечки“ на албанската драма на Театар Куманово, „Женидба“ на Народен театар Штип, „Кокошке“-Народен театар од Ниш. На 8 октомври ќе биде изведена премиерата на „Ноќ спроти Водици (Како што сакате)“ на Театар Куманово во режија на Срѓан Јаниќиевиќ кој традиционално ја затвора фестивалската програма со нова претстава на репертоарот. Освен, официјалната програма на фестивалот како новина е планирана и изведба на студентски претстави. Гледачите ќе имаат можност да проследат две претстави на 30 септември и на 7 октомври

Традиционалниот фестивал е поддржан од Министерството за култура со 600.000 денари, а општината со 350.000 денари. ам/дма/


Фото НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Остани поврзан