• петок, 27 декември 2024

Почна меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“

Почна меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“
Штип, 16 август 2021 (МИА) - Вкупно тринаест уметници се дел од традиционалната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“. Уметниците, кои ќе творат во Свети Николе денеска ги прими градоначалникот, Сашо Велковски. Ликовната колонија е во организација на Дом на култура „Крсте Мисирков“ и Општина Свети Николе, а какошто вели Велковски денеска го означиле стартот на 16-та по ред ликовната колонија „Ѓуриште 2021“. -И годинава колонијата има меѓународна димензија со учество на ликовни уметници не само од нашата држава, туку и од Србија и Црна Гора. Вкупно 13 уметници, наредните денови ќе творат на подрачјето на општина Свети Николе и зад себе ќе остават 26 ликовни творби кои јавноста може да ги види на изложбата организирана по повод денот на ослободувањето на Свети Николе 14-ти Септември, вели Велковски. вдј/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан