• сабота, 23 ноември 2024

Почна Меморијален турнир во мал фудбал посветен на Жарко Кузмановски во тетовска Брвеница

Почна Меморијален турнир во мал фудбал посветен на Жарко Кузмановски во тетовска Брвеница

Тетово, 10 октомври 2023 (МИА) - Во тетовска Брвеница вечерва почна со одржување Меморијален турнир во мал фудбал посветен на Жарко Кузмановски, кој како припадник на специјалните полициски единици го загуби животот во Куманово во 2015 година.  

По повод почнувањето на турнирот беше оддадена почит пред неговото спомен обележје кое се наоѓа во дворот на црквата „Свети Атанасиј“ во Брвеница.

-На денешниот прв ден од турнирот се одигра ревијален пријателски натпревар помеѓу екипите составени од припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЕ) Тигар и Единицата за брзи интервенции (ЕБР) при МВР. На турнирот ќе учествуваат вкупно 24 екипи, поделени во шест групи во кои ќе има по четири екипи. Турнирот е предвидено да трае до 29 октомври кога ќе се игра и финалето, информираа од организациониот тим на турнирот.

Жарко Кузмановски беше припадник на специјалната единица „Тигар“ кој загина во антитерористичка акција во Куманово на 9 мај 2015 година. Загина на 34 години, а остави зад себе двајца малолетни синови, сопруга и родители.  

Од 2022 година во дворот на црквата во Брвеница е поставено спомен облежје за Жарко Кузмановски.  ас/мд/

фото: МИА 

 

 

Остани поврзан