• четврток, 26 декември 2024

Почна Лондонската недела на модата

Почна Лондонската недела на модата
Лондон, 17 септември 2020 (МИА) - Лондонската недела на модата беше отворена денеска, без присуство на новинари и без клиенти од цел свет. Првото дефиле му припадна на модниот бренд Барбери. Поради сѐ уште постојната корона-пандемија, организаторите предвидуваат помал број ревии во живо. Настанот ќе трае до вторник. Околу 80 дизајнери ќе ги претстават своите модни парчиња. Меѓу нив ќе биде и Бора Аксу, Турчин кој живее во Лондон, а е познат по својот „Марк Фаст“ луксузен дизајн, Натаму - Викторија Бекам, кинескиот бренд Пронаунс и други. Шоуто без публика ќе биде пренесувано на платформата Твич. си/  

Остани поврзан