• недела, 24 ноември 2024

Почна крпење на ударни дупки на улици во Неготино

Почна крпење на ударни дупки на улици во Неготино

Неготино, 22 февруари 2024 (МИА) - Од денеска на терен започнаа градежни активности за крпење на ударни дупки на над 10 улици во градот, меѓу кои и главните „Маршал Тито" и „Партизанска", како и други кај кои се констатирани оштетувања и е потребна санација. За ова денеска информираа од службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. 

-Со санацијата се врши крпење на ударни дупки, вдлабнатини, пукнатини и други оштетувања на коловозот со замена на коловозната покривка (засторот) на места каде што истиот е оштетен, како и замена на горниот слој на места каде што улиците се оштетени, појаснија од прес службата при Општината.

Оттаму апелираа до моторизираните граѓани и пешаците, на внимателно движење за време одвивањето на градежните работи, за крпење на ударните дупки на улици во Неготино. свд/сст/

Фото : Општина Неготино 

Остани поврзан