• сабота, 28 декември 2024

Почна кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ – Законот за родова еднаквост важен елемент во борбата против родово базираното насилство

Почна кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ – Законот за родова еднаквост важен елемент во борбата против родово базираното насилство

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) – Со панел-дискусија на постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колмбуиа, заменик амбасадорот на Европската унија во земјава Бен Нупнау, како и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, вечерва во Музејот на град Скопје беше одбележан почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со цел подигнување на општествената свест во борбата за спречување на родово базираното насилство.

Секој вид насилство е кршење на човековите права, посочи во своето обраќање постојаната координаторка на Обединетите нации Колумбиа, нагласувајќи дека во повеќето општества ширум светот жените се оние кои се соочуваат со дискриминација.

– Некои статистички податоци на глобално ниво покажуваат, но и регионално, покажуваат дека всушност жените во нивната постара возраст се поранливи на насилство во нивните семејства, од нивните деца. Сега може да изгледа како невозможно, но е можно. И оваа статистика покажува дека тоа се случува, додека економското насилство особено се случува кај повозрасните жени, посочи Колумбиа.

Заменик амбасадор на ЕУ во земјава Нупнау, пак, посочи дека земјите кои што имаат повисоко ниво на родова еднаквост и повисоко ниво на жени во Парламентот, се оние земји кои што покажуваат пониски нивоа на насилство врз жените.

– Видовме во последните години дека има промени на Кривичниот законик, којшто го криминализира домашнато насилство, што е позитивен чекор напред, меѓутоа, во исто време има многу други работи што можат да се направат. Има доста други закони за кои што се чека да бидат донесени, за да може да се види некаков резултат. Постои и Закон за родова еднаквост којшто се уште не е донесен. Сметам дека ова е многу важен елемент во борбата против насилството. Постојат и студии сегадан и светот кои што конзистентно покажуваат дека земјите кои што имаат повисоко ниво на родова еднаквост и повисоко ниво на жени во Парламентот, се оние земји кои што покажуваат пониски нивоа на насилство врз жените, посочи Нупнау. ра/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан