• среда, 13 ноември 2024

Почна изградба на обиколница Тетово, инвестиција од 12 милиони евра за 5,4 километри пат

Почна изградба на обиколница Тетово,  инвестиција од 12 милиони евра за 5,4 километри пат

Тетово, 13 февруари 2024 (МИА) - Дваенаесет милиони евра ќе бидат инвестирани во обиколница околу Тетово во должина од 5,4 километри на потегот од клучката „Требош“ до Непроштено, чија изградба почна денеска во присуство на техничкиот премиер, министри, пратеници и  претставници на локалната самоуправа. 

- Изградбата на оваа обиколница е проект со кој ќе го забрзаме економскиот развој на регионот, ќе го растовариме сообраќајот и ќе го олесниме пристапот на многу компании кои работат во овој дел на државата, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој нагласи дека инвестицијата во износ од над 12 милиони евра е значаен придонес за развој на патната мрежа низ државава и ќе биде огромно олеснување за сите граѓани од Тетово, Желино, Теарце, Јегуновце и сите останати мста кои се поврзани со овие општини.

Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта ЈПДП како дел од годишната инвестициска програма. - Предвидено е да се изградат 5,4 километри пат, односно обиколницата ќе има по две коловозни ленти од двете страни во ширина од вкупно 6. 60 метри. Од двете страни на патот ќе има паралелни тампонски сервисни патишта по целата должина на делницата со ширина од околу три метри, информира директорот на ЈПДП Рустеми.

Техничкиот премиер Талат Џафери, исто така ја нагласи важноста на проектот и оти од улиците на централното градско подрачіе ќе бидат тргнати тешките товарни возила односно превозниците ќе возат по современ и безбеден пат, а со тоа ќе бидат заштититени граѓаните. 

На новинарско прашање за неговото присуство како технички премиер на промоција на капитален проекет,  Џафери рече дека една од обврските на Владата е да организира избори и оти ги има сите надлежности согласно законот и Уставот и ќе ги исполни сите активности и надлежности. 

-Изборите не се распишани, може да толкувате како сакате, јас ги извршувам моите дневни обврски, рече Џафери, прашан дали настанот е предизборна кампања.

Во рамки на овој проект, како што соопшти Рустеми се предвидени повеќе објекти, како кружен тек, надвозник над пругата и пропусти. Почнат е и процесот за експропријација, а рокот за изведба е 15 месеци по воведувањето на изведувачот во работа, односно изградбата треба да заврши во мај следната година.  Ова е првата фаза за реализација на проектот, а со втората фаза е предвидена изградба на клучката Требош за што е почнато проектирање. Обиколницата ќе ја гради ГП „Гранит“. лв/ас/

 

Остани поврзан