• сабота, 23 ноември 2024

Почна изградбата на фекална канализација на улицата „Речиште“ во Драчево

Почна изградбата на фекална канализација на улицата „Речиште“ во Драчево

Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) - Општина Кисела Вода денеска почна со изградба на фекална канализација на улицата „Речиште” во селото Драчево, која се очекува да биде завршена до крајот на годината. 

Од Општина Кисела Вода информираат дека фекалната канализација ќе биде со 200 нови приклучоци, а бенефитот ќе го почувствуваат уште околу 600 други жители, кои имаат низа проблеми од хигиенски и санитарен аспект поради преоптоварување на постојната мрежа.

- Денеска, после 30 години на „Речиште” започнуваме со изградба на фекална канализација, проблем со кој нашите сограѓани се мачеа во изминативе 30-тина години, а беше и еден од приоритетите во нашата програма. Овде, денес започнуваме со зафат кој вклучува 1100 метри фекална канализација. Практично, цел овој појас овде, од преку 200 домаќинства ќе биде покриен и на тој начин ќе го решиме овој нивен долгогодишен проблем. За овој проект, ние како Општина издвоивме 17.5 милиони денари. Средства, пари од нашите граѓани кои ги насочуваме директно кон нив, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

На настанот, покрај претставниците на Советот, пратеници од Општина Кисела Вода и голем број од локалното население, присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го поздравил почетокот на реализацијата на овој крупен проект. фф/дма/

Остани поврзан