• недела, 24 ноември 2024

Почна изградбата на парк во селото Чанаклија

Почна изградбата на парк во селото Чанаклија
Струмица, 1 јули 2022 (МИА) - Во селото Чанаклија во Општина Василево почна изградбата на парк преку заедничка соработка на општината со „Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија“ и партнерите ЛАГ „Беласица-Огражден“, ЈПКД „Турија“ и Гарден центар „Ристови“. Како што информираат од локалната самоуправа, ќе бидат поставени бекатонски плочки, ќе се посее трева, како и повеќегодишни листопадни дрвја и џбунови. Од урбана опрема планирано е поставување на клупи и корпи за отпадоци. Вкупниот буџет е околу 660.000 денари, а изградбата на паркот е во рамките на проектот Програма за развој на заедницата, кој е финансиран од УСАИД, а се имплементира на територијата на „Локална акциона група Беласица-Огражден“ во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија. рт/фф/

Остани поврзан