• сабота, 27 јули 2024

Почна изградбата на мултифунционален спортско-рекреативен комплекс во Лисиче

Почна изградбата на мултифунционален спортско-рекреативен  комплекс во Лисиче

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваа почетокот на градежните работи за изградба на нов спортско-рекреативен  комплекс во Лисиче. Инвестиција целосно обезбедена од општина Аеродром.

Муцунски истакна дека во овој дел од општина Аеродром повеќе од 10 години немало ваков тип на инвестиција. - Овој комплекс ќе има посебно детско игралиште, посебно спортско игралиште, мал плоштад. Инвестицијата е целосно на општина Аеродром и очекуваме инвестицијата да се реализира, односно да се заврши пред почетокот на летото, изјави Муцунски. 

Мицкоски информира дека новата инвестиција во Лисиче ќе значи подобар живот за граѓаните.

- И покрај тоа што имаме состојба во која што Владата континуирано, посебно за Општина Аеродром се врши жесток притисок во форма на тоа да се намалуваат дотациите. Континуирано се кратат дотациите, нема никаква поддршка ниту од Владата, ниту од Град Скопје, иако беше многу ветувано посебно од Град Скопје за Аеродром, но еве толку се можностите и се прават натчовечки напори да бидат се поголеми, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во општина Аеродром и покрај притисокот кој, како што рече, го чувствуваат на дневна основа и покрај кратењата и нечовечкиот однос од страна на централната власт, сепак изнаоѓаат средства истовремено да ги испорачуваат ветувањата со тие лимитирани можности и да се грижат за животната средина и квалитетот на живот на луѓето во општина Аеродром. мд/цр

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан