• среда, 25 декември 2024

Почна изградбата на мини катна гаража кај штипската зграда „Промаја“

Почна изградбата на мини катна гаража кај штипската зграда „Промаја“

Штип, 29 ноември 2024 (МИА) - Веднаш до зградата „Промаја“ во Штип од денеска почна изградбата на мини катна гаража. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јордан на денешната прес-конференција изјави дека новата катна гаража ќе обезбеди 35 паркинг места, достапни за граѓаните.

Општина Штип од Буџетот издвои девет милиони денари за реализација на овој проект, што е од големо значење за граѓаните. Се очекува катната гаража да биде готова на почетокот на 2025 година.

- Ова е едно од тесните грла во нашиот град и оваа локација секогаш има потреба од повеќе паркинг позиции. Местоположбата каде се наоѓа предвидената мини катна гаража е досега неискористена локација која согласно Деталниот урбанистички план (ДУП) е наменета за паркирање. Повеќе од девет милиони денари се предвидени од Буџетот за изградба на оваа мини катна гаража којашто предвидува 35 паркинг позиции. Очекувам во наредниот месец да се работи со засилена динамика и на почетокот од 2025 година штипјани да имаат уште една локација дополнително за паркирање, изјави Јорданов.

Претходно, во Штип се изградија две катни гаражи кај Центарот за култура „Ацо Шопов“ и поранешната стоковна куќа НАМА. Во меѓувреме се работи и на нови паркинг позиции низ населбите. вдј/цр

Фото: МИА

Остани поврзан