• сабота, 23 ноември 2024

Почна изградбата на канализациона мрежа за Камењане, Општина Боговиње

Почна изградбата на канализациона мрежа за Камењане, Општина Боговиње
Тетово, 3 септември 2021 (МИА) - Во тетовско Камењане, Општина Боговиње започна да се гради канализациона мрежа за ова населено место.  На почетокот на градежните работи присуствуваше и министерот Насер Нуредини. -За реализација на овој проект во две населени места во општина Боговиње, од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) се обезбедени околу 266 милиони денари, од кои изградбата во село Камењане опфаќа вредснот од околу 123 милиони денари.  Канализационата мрежа во ова населено место ќе опфати 101 крак со вкупна должина од околу 23 км, изјави министерот Нуредини. Министерот Нуредини ги најави подготвителните активности на МЖСПП за обезбедување на заем од 50 милиони евра од Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) за реализација на втората фаза на проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“. -Преку овие проекти се зајакнува комуналната инфраструктура и ќе се подобруваат условите за живот во сите општини во државата. Овие средства ќе овозможуваат економски развој на руралните подрачја преку инвестиции во  системите за водоснабдување и системите за третман на отпадните води, потенцира министерот за животна средина. Предвидено е да се реконструираат 13,5 километри водоводна мрежа во Камењане. ас/аа/

Остани поврзан