• четврток, 26 декември 2024

Почна изградбата на воводна мрежа во штипската викенд населба „Суитлак“

Почна изградбата на воводна мрежа во штипската викенд населба „Суитлак“

Штип, 4 јули 2023 (МИА) - Почна изградбата на првата фаза од изградбата на водоводната линија во викенд населбата „Суитлак“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков денеска извршија увид во градежните работи.

Штипскиот градоначалник, Јорданов истакна дека во првата фаза е опфатено решавање на водоснабдувањето за околу сто домаќинства, а втората фаза ќе се реализира откако ќе се изгради резервоарот во „Каваклија“, со цел да имаат нормален притисок на водата во чешмите на останатите домаќинства. Станува збор за инвестиција од околу 13 милиони денари. Средствата се обезбедени од Општина Штип, ЈП „Исар“ и од жителите во Урбаната заедница „Суитлак“. Општина Штип за оваа инвестиција обезеди шест милиони денари.

-Ова е потреба, којашто со години наназад се провлекува и е предизборно ветување коешто го дадовме. Првата фаза предвидува опфаќање на неколку стотина куќи. Втората фаза за целосно водоснабдување на целата населба е со изградбата на резервоар во „Кавклија“, кој што се надевам дека до крајот на оваа година ќе почне да се гради, вели Јорданов.

Инаку изградбата на водоводна мрежа во населбата „Суитлак“ е со седум краци, а денеска почна да се гради кракот два. Екипите на  ЈП „Исар“ побараа граѓаните да бидат трпеливи додека се поставува новата водоводна мрежа низ населбата. Жителите во викенд населбата „Суитлак“ со вода за пиење се снабдуваат од сопствени бунари. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан