• четврток, 12 февруари 2026

Почна да се гради спортска сала во Челопек, Општина Брвеница - средствата се обезбедени од „унгарскиот кредит“

Почна да се гради спортска сала во Челопек, Општина Брвеница -  средствата се обезбедени од „унгарскиот кредит“

Тетово, 10 февруари 2026 (МИА) - Општина Брвеница информира дека од денес почнаа градежни работи за изградба на спортска сала во населеното место Челопек. Првата спортска сала во Челопек се гради до основното училиште „7 Март“, а еден од проектите за кој Општина Брвеница користи средства од такнаречениот „унгарски кредит“.

-Денешниот почеток на градежните работи за изградба на спортската сала во село Челопек со вредност од 54.295.110,00 денари претставува значаен момент за општината и за жителите на ова населено место. Со овој проект исполнуваме еден децениски сон и одговараме на реалните потреби на младите и спортските ентузијасти, соопшти градоначалникот Јовица Илиевски.

Според него, објектот ќе биде наменет за повеќе спортови со сета потребна инфраструктура. Предвидено е да има и трибини со околу 300 столчиња.

- Општина Брвеница останува цврсто посветена на инвестирање во инфраструктура што создава долгорочни вредности, ги поврзува заедниците и обезбедува подобри услови за живот. Оваа спортска сала нема да биде само објект, туку простор за развој, дружење и заедништво, вели градоначалникот.

Според информациите на градоначалникот добиени од изведувачот, спортската сала треба да биде готово за период од шест до осум месеци. ас/дма/

фото: Општина Брвеница

Остани поврзан