• среда, 25 декември 2024

Почна гласањето во Претставничкиот дом за отповикување на Трамп

Почна гласањето во Претставничкиот дом за отповикување на Трамп
Вашингтон, 13 јануари 2021 (МИА) - Дебатата за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп заврши, а пратениците во Претставничкиот дом сега гласаат за резолуцијата за импичмент со што Трамп ќе стане првиот претседател во историјата на САД кому двапати во еден мандат му бил изгласан импичмент. Актуелната расправа е поради неговата улога во минатонеделниот упад во Конгресот. Се очекува гласањето да трае од 60 до 90 минути. Резолуцијата за импичмент го товари Трамп со еден член, „поттикнување бунт“.

Се очекува дека резолуцијата ќе биде усвоена со поддршка на сите демократски пратеници, како и најмалку седуммина од Републиканската партија.

Ако со просто мнозинство од 435 пратеници се одобрат обвиненијата, постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој го спроведува судењето, засега не е познато кога ќе започне постапка, со оглед дека од мандатот на Трамп останаа уште осум дена.  Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за да биде осуден и сменет претседателот. Познавачите не очекуваат дека во Сенатот ќе биде донесена одлука за отповикување, но со просто мнозинство може да одлучи дека тој нема да може да се кандидира за втор мандат. ссм/

Остани поврзан