• четврток, 26 декември 2024

Почна втората фаза од изградбата на конзоли на реката Отиња

Почна втората фаза од изградбата на конзоли на реката Отиња
Штип, 16 јули 2022 (МИА) - Почна реализацијата на втората фаза од проектот конзоли на река Отиња на потегот од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ до основното училиште „Ванчо Прќе“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска направи увид во градежните работи истакнувајќи дека ова се прави од неколку причини од кои бенефит ќе имаат граѓаните. -Станува збор за инвестиција од шест милиони денари од парите на граѓаните, од Буџетот на Општина Штип. Целта на конзолата е проширување на коловозните ленти, подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, низводно на река Отиња нашата цел е да ги прошириме коловозните ленти и централното градско подрачје да го направиме побезбедно за учесниците во сообраќајот, да се подобри протокот на возилата и сообраќајниот метеж да се намали, рече Јорданов. Тој очекува за еден месец коловозната лента да биде проширена од црквата Свети Никола до деветолетката „Ванчо Прќе“. Најави дека проектот ќе продолжи и во текот на наредниот период, а ќе се бараат средства и за проширување на коловозот и од другата страна на реката Отиња. вдј/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан