• недела, 24 ноември 2024

Почна вселувањето во велешкиот Општински училишен дом „Лазар Лазаревски“

Почна вселувањето во велешкиот Општински училишен дом „Лазар Лазаревски“

Велес, 1 септември 2021 (МИА) - Во Општинскиот училишен дом „Лазар Лазаревски“ во Велес денеска започна вселувањето на станарите. Веќе се вселени 132 ученици но уште даоѓаат и нови, информира за МИА директорот Марјанчо Јорданов.

Вкупниот капацитет е 221 легло и се очекува целосно да биде исполнет, затоа што оваа учебна година за разлика од лани нема забрана на ограничување на легла.

Во Средношколскиот дом се вселуваат ученици од целиот Повардарски регион но и пошироко од источниот дел на земјава. Ги има од Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, но и од подалечните Пробиштип, Берово и Крива Паланка, а само мал дел од селата во велешко, како Горно и Долно Јаболчиште.

-Има голем интерес на учениците од другите населени места кои учат во Велес за вселување во домот, а каде континуирано секоја година се подобруваат условите за престој и домување, појасни Јорданов.

Тој информира дека Средношколскиот дом „Лазар Лазаравски“ летово е реновиран и опремен со нова опрема и мебел како нови кревети, душеци, плакари, столчиња, клупи, табли. Воедно, старите бојлери на струја се заменети се економски ефикасни на сончеви колектори, а осветлувањето е заменето со штедливи светилки на сензори.
 
Реновирано е и фудбалското игралиште со нова трева, како и медиотеката за учење и библиотеката која сега брои вкупно 5200 книги, како и теретаната за спортување во домот. Реновирана е и чекалната за родителите кои ги посетуваат своите деца во домот со нови двоседи и друга опрема.

Инаку, престојот во домот за сите ученици - станари е бесплатно, а трошоците за сместување и храна со три топли оброка ги обезбедува МОН.ад/бт/

Остани поврзан