• среда, 27 ноември 2024

Почна асфалтирање на улицата ,,25 Мај" во Кавадарци

Почна асфалтирање на улицата ,,25 Мај

Кавадарци, 10 јули 2023 (МИА) - Почна асфалтирањето на улицата „25 Мај“, еден од краците 5/1, крак 5 на површина од 1.200 квадратни метри, откако претходно улицата беше пробиена и тампонирана на површина од 2.500 квадратни метри и беше поставена водоводна линија, фекална и атмосферска канализација и комплетно ново осветлување. За ова денеска информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“.

- Оваа градежна компанија беше избрана и за асфалтирање на улицата „9 Мај“ со површина од 400 квадратни метри, се реализираше дел од договор од Програмата за комунална изградба за 2023 година, соопштија од кабинетот на Јанчев. свд/ир

Фото: Општина Кавадарци

Остани поврзан