• среда, 18 декември 2024

Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот

Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот

Тетово, 14 декември 2024 (МИА) – Тетовскиот градоначалник Биљал Касами и претставници на администрацијата патуваа со граѓаните во автобусите на општинскиот превозник на линијата Тетово-Попова Шапка-Тетово која почна да функционира од денес по повод почеток на скијачката сезона. 

Ски центарот Попова Шапка од петокот ги пушти во употреба ски-лифтовите со што беше означен почетокот на скијачката сезона на Попова Шапка. 

Касами порача да се користи јавниот превоз и најави поддршка за ски-центарот и од Владата и од општината.

- Се е преземено за ова зимска сезона да биде успешна. За кратко време е направена голема работа за што му честитам на директорот и од денес овој центар е на услуга на граѓаните. Ги повикувам сите скијачи и љубители на зимските спортови заедно со нивните деца и семејства да дојдат да уживаат а и е добро за нивното здравје. Ветувам дека како локална самоуправа и како влада ќе работиме силно. И многу повеќе со инвестициите што планираме да ги реализираме во овој туристички центар, изјави Биљал Касами.

Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ од денес ја воведе линијата Тетово-Попова Шапка-Тетово која ќе функционира во саботите и неделите. Од Тетово до Попова Шапка автобусите ќе тргнуваат во 08:00, 10:00, 12:00 и 15:30 часот, а во градот ќе се враќаат еден час подоцна од овие термини. ас/сст/

фото Општина Тетово 

Остани поврзан