• среда, 25 декември 2024

Почнаа 48. Љубански илинденски иселенички средби

Почнаа 48. Љубански илинденски иселенички средби
Ресен, 1 август 2021 (МИА) – Четириесет и осум годишната традиција на одржување на „Љубанските илинденски иселенички средби“ говори за огромната важност за нас и за иселениците да го посетат родното место, да го вдишат овдешниот воздух, да го почувствуваат вкусот на нашата традиционална преспанска храна, истакна вечерва грдоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски. На отворањето на средбите, на која присуствуваше и минситерот за здравство Венко Филипче, нагласи дека манифестацијата е длабоко втемелена во историјата на Љубојно, на Преспа, но и на нашата држава. - Оваа манифестација е длабоко втемелена во историјата на Љубојно, на Преспа но и на нашата држава и само ја покажува поврзаноста на иселениците со родната земја од каде што потекнуваат. Во очи на еден најголемите државни и верски празници „Илинден“, да се потсетиме на хероите, кои го положија својот живот носејќи ги поривот за слободна и независна држава. Хероите кои со својата храброст и дела, треба да ни служат за пример, како се сака сопствената татковина. Тоа што за нив беше борбата за независност, денес за нас тоа е борбата за подобра сегашност и уште подобра иднина, рече Гошаревски. Вечерва, нагласи, го славиме херојството, пожртвуваноста и храброста на борците, но и повторното видување со нашите роднини и пријатели од сите страни на светот. Честитајќи го утрешниот празник, – Денот на Републиката и Илинден, министерот Филипче изрази почит за традицијата, која 48 години се негува во Преспанското село Љубојно, која годинава се поклопува со - Со 30 годишнината од независноста на нашата држава и со 80 годишнината од Народното востание. - Илинден и Денот на Републиката и двете значајни годишнини од континуитетот на нашата историска борба и заложба за независна држава се огромната мотивација што и оваа година во Љубојно е едно од најпразничните средини во кои се чествуваат празникот и три големи историски настани – Илинденското востание и Крушевската република, АСНОМ и Денот на независноста. Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор. За време на првиот Илинден, 1903 година, тука се одвивале бурни и драматични настани, а во текот на фашистичката окупација Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа, потсети Филипче. Во таа чест, додаде, Владата го основаше Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно во чест на 77 годишнината од основањето на второто училиште на мајчин, македонски јазик во Љубојно во 1944 година. - Зградата на училиштето ќе биде реконструирана како дел од иницијативата Преспа Форумот за дијалог кој претставува идентитет и бренд, кој ќе биде врзан за нашата држава и за Договорот од Преспа после кој го запишавме нашиот идентитет во Обединетите нации како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, а со тоа се потврдија и нашата култура и културно наследство, истакна министерот. Традицијата, нагласи, е за почит и за гордост, а врските и љубовта кон родниот крај и татковината на нашите претходни генерации, е силната врска која овозможи и оваа година „Љубански илинденски иселенички средби“ во Љубојно да собере голем број иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји. Во рамките на Љубанските илинденски иселенички средби продолжуваат предвидена е богата културно уметничка програма, а празнувањето ќе продолжи и утре. сс/ац/

Остани поврзан