• четврток, 26 декември 2024

Почнаа јавните собири за креирање на буџетот за идната година на Општина Струмица

Почнаа јавните собири за креирање на буџетот за идната година на Општина Струмица

Струмица, 28 октомври 2024 (МИА) - Во населените места во Општина Струмица во тек се јавни собири со граѓаните. Преку овие собири граѓаните и оваа година имаат можност директно да учествуваат во креирањето на буџетот за следната година со свои предлози.

Проекти за финансирање од буџетот пред претставници на Општината ќе предлагаат и граѓаните од осумте урбани заедници во градот и од месните заедници во населените места.

Средби со граѓаните досега се одржаа во Вељуса, Водоча, Баница, Сачево, Дабиле и Градско Балдовци, а вечер во Муртино, Банско и Габрово.

Инаку, средбите со граѓаните се одржуваат на иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов и ќе траат до 1 ноември. рт/цр

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан