• четврток, 26 декември 2024

Почнаа работите на поставување на нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“ во Волково

Почнаа работите на поставување на нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“ во Волково

Скопје, 21 август 2024

Со задоволство ве информираме дека во Општина Ѓорче Петров започнаа работите на поставување на нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“  во Волково. Оваа инвестиција обемна 1450 метри квадратни ќе придонесе за значително подобрување на условите за спорт и рекреација во нашата општина.

Општина Ѓорче Петров започна со поставување на 1450 метри квадратни нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“,  која ќе го подигне нивото на спортот и рекреацијата.

Започнуваме со замена на подлогата на фудбалскиот терен, кој сега ќе биде уште поудобен и безбеден за сите љубители на овој спорт - истакна Градоначалникот Александар Стојкоски.

Кошаркарското игралиште исто така ќе добие нова, висококвалитетна подлога, која ќе ги поттикне младите да го практикуваат спортот во најдобри услови, додаде Градоначалникот.

За првпат, и теренот за серва ќе биде обновен со ваква подлога, овозможувајќи повеќе можности за активност и игра.

Со овој проект општина Ѓорче Петров ја потврдува посветеноста за подобрување на животот во Ѓорче Петров.

Општината работи напорно за да создаде услови што ќе им донесат радост, здравје и инспирација на сите наши сограѓани.

Заедно, градиме подоброто утре за нашата заедница!

Општина Ѓорче Петров

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Општина Ѓорче Петров

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан