• вторник, 24 декември 2024

Почина 27-годишен кениски атлетичар, бронзен од СП 2017

Почина 27-годишен кениски атлетичар, бронзен од СП 2017


Најроби, 7 октомври 2024 (МИА) – Кениецот Кипјегон Бет, кој го освои бронзениот медал на 800 метри на Светското првенство во Лондон 2017 година, почина во неделата на 26-годишна возраст како последица на здравствени компликации кои предизвикаа откажување на бубрезите и црниот дроб, соопшти денеска неговото семејство.
Кенискиот атлетичар беше и светски првак до 20 години на 800 метри во 2016 година и освојувач на сребрениот медал во штафетата 4×800 метри на СП 2017.
Бет, кој беше еден од најперспективните тркачи на средни патеки во Кенија, во 2018 година доби четиригодишна суспензија поради допинг, а повторно почна да се трка во 2022 година.
По обвинението за допинг, Бет не можеше да се натпреварува на Олимпијадата во Токио во 2021 година и на Светското првенство во 2022 година, а потоа „падна во депресија и почна многу да пие“, изјави неговата сестра Пурити Кируи. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан