• четврток, 26 декември 2024

Почина ѕвездата од филмот „Милионер од гетото“

Почина ѕвездата од филмот „Милионер од гетото“
Мумбај, 29 април 2020 (МИА) - Ѕвездата од оскаровскиот филм „Милионер од гетото (Slumdog Millionaire), како и од „Животот на Пи“ и „Светот Јура“, индискиот глумец Ирфан Кан почина на 53 години. Глумецот починал во болница во Мумбај, Индија. Нему 2018 година му беше откриен ендокрин тумор - ретка болест поврзана со хормоните и крвта. Како што јави Би-би-си, последните информации говорат дека тој бил примен в болница со инфекција на дебелото црево, како последица од ракот.  си/

Остани поврзан