• среда, 18 декември 2024

Почина српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ

Почина српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ

Солт Лејк Сити, 17 јануари 2024 (МИА) – Српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ почина денеска на 46-годишна возраст како последица на срцев удар кој го доживеа ноќта меѓу вторникот и среда.

Милојевиќ беше помошник тренер на НБА екипата Голден Стејт, а претрпе срцев удар за време на тимска вечера во ресторан во Солт Лејк Сити.

Српскиот стратег итно беше пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.

Роден на 15 април 1977 година во Белград, најголем дел од својата кошаркарска кариера Милојевиќ ја мина во Партизан, а со репрезентацијата на поранешна СР Југославија ја освои европската титула во 2001 година.

Тренерската кариера ја почна во Мега, а во август 2021 година потпиша долгорочен договор со НБА лигашот Голден Стејт.

Поради смртта на Милојевиќ, раководството на НБА лигата го одложи дуелот меѓу Јута и Голден Стејт, кој требаше да се одигра вечерва. ег/ссм/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан