• вторник, 24 декември 2024

Почина режисерот Пол Мориси

Почина режисерот Пол Мориси

Њујорк, 29 октомври 2024 (МИА) - Американскиот режисер Пол Мориси, кој стоел зад камерата на филмовите „Ѓубре / Trash“ (1970), „Месо / Flesh“ (1968), „Холивуд / Hollywood“ (1972), почина во Њујорк на 87-годишна возраст, по борба со пневмонија.

Мориси важеше за „интригантна фигура и доживотен конзервативец“ кој остана клучен играч во Фабриката на уметникот Енди Ворхол. Преку своите филмови, режисерот внесе движење и живост на приказната во филмската естетика на Ворхол, каде што, се чини, еден кадар трае неколку часа, пишува „Њујорк тајмс“ (New York Times).

Мориси снимаше главно нискобуџетни филмови каде што приказните говорат за зависници од дрога, измамници, манекенки, социјалисти, уметници, трансексуалци итн.

Ја заврши својата филмска кариера во 2010 година, со неговиот последен филм „Вести од никаде / News from Nowhere“.  си/ссм/

Фото: ИМДБ

Остани поврзан