• среда, 18 декември 2024

Почина професор доктор Кирил Велков

Почина професор доктор Кирил Велков

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - На 92 годишна возраст вчера почина професор доктор Кирил Велков, соопшти Македонското лекарско друштво.

Во својата кариера тој беше продекан и декан на Медицинскиот факултет во Скопје, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на катедрата за ренген и радиотерапија, директор на Универзитетскиот центар за медицински науки (УЦМН) и директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Беше претседател на Македонското лекарско друштво и претседател на друштвото на радиолози на Југославија, како и консултант по онкологија во Универзитетската болница во Лозана, Швајцарија.

И по заминување во пензија, тој продолжи активно да се занимава со својата дејност како еден од основоположниците на Хоспис Сју Рајдер-Скопје и раководител на одделот за онкологија при клиничката болница Аџибадем-Систина.са/

Фото: Македонско лекарско друштво

Остани поврзан