• среда, 25 декември 2024

Почина продуцентот Стив Бинг

Почина продуцентот Стив Бинг
Лос Анџелес, 23 јуни 2020 (МИА) - Холивудскиот продуцент Стив Бинг почина на 56-годишна возраст, откако падна од 27-от кат на зграда во Лос Анџелес, објави ТМЗ. Според медиумите, Бинг страдал од депресија и се самоубил. Ни полицијата, ниту блиските на починатиот сѐ уште не ја потврдија оваа информација. Бинг е познат по филмовите „Поларен експрес“ (Polar Express) со Том Хенкс, „Фати го Картер“ (Catch Carter) со Силвестер Сталоне и документарецот на Мартин Скорсезе - „Блесок светлина“ (Shine a light). Продуцентот има дете со британската глумица Елизабет Харли и, со поранешната тенисерка Лиза Бондер. си/ми/

Остани поврзан