Почина поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Скилачи
- Најдобриот играч на Светското фудбалско првенство во 1990 година, Салваторе Тото Скилачи почина на 59-годишна возраст.
Рим, 18 септември 2024 (МИА) - Најдобриот играч на Светското фудбалско првенство во 1990 година, Салваторе Тото Скилачи почина на 59-годишна возраст.
Поранешниот италијански репрезентативец почина по долго боледување.
Скилачи, како дел од репрезентацијата на Италија, го освои бронзениот медал на Светското првенство во 1990 година и беше прогласен за најдобар стрелец и најдобар играч на турнирот.
Заедно со Јувентус го освои Купот на Италија, а со торинскиот тим и Интер еднаш го освои Купот на УЕФА. зс/
Фото: Фејсбук Јувентус