• недела, 24 ноември 2024

Почина полскиот композитор Кшиштоф Пендерецки

Почина полскиот композитор  Кшиштоф Пендерецки
Варшава, 29 март 2020 (МИА) - Светски познатиот полски композитор Кшиштоф Пендерецки почина денеска на 86 години, по долга и тешка болест. Неговата смрт не е поврзана со коронавирусот. - Иако личноста која се грижеше за него беше позитивна на коронавирусот, резултатот од неговиот тест беше негативен, изјави неговата ќерка Беата. Пендерецки е најмногу познат по делото „Тужбалица“, посветено на жртвите од Хирошима, и „Пасија по Лука“. Тој е познат по музиката што ја компонираше за филмови, како што се „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч, „Катин“ на Вајда... Добитник е четири греми награди, последната во 2016 година.

Остани поврзан