• среда, 25 декември 2024

Почина осуденик во штипскиот затвор

Почина осуденик во штипскиот затвор

Штип, 21 април 2023 (МИА) - Почина осуденик во Затвор - Штип, потврди и директорот Мики Тодоров.

Станува збор за возрасно лице, кое вчера со возило на Итната медицинска помош било однесено во Клиничката болница во Штип на Интерно одделение, каде останало неколку часа, а утринава е отпуштено.

Осуденикот починал само што бил вратен во Затворот и за тоа биле известени екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт.

Тодоров изјави дека за смртта на осуденикот е известен и СВР Штип, а според сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не е дадено наредба да се изврши обдукција. вдј/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан