• сабота, 23 ноември 2024

Почина Миња Субота

Почина Миња Субота
Белград, 17 септември 2021 (МИА) - Познатиот композитор, пејач, ТВ-водител и забавувач Милан - „Миња“ Субота почина на 83-годишна возраст, објави денеска Српската радио-телевизија. Роден е во Сараево на 8 ноември 1938 година. Основното училиште, гимназија и високото образование (Електротехнички фкултет) ги завршил во Белград. Како композитор, Миња потпиша бројни хитови на популарна поп-музика и шансони, а како пејач сними повеќе плочи во поранешна Југославија и поранешниот СССР. Неговите композиции се изведувани и наградувани на многу фестивали, како што се Белградска пролет, Мелодија на Јадранот, Загрепскиот фестивал на поп-музика и други. Како телевизиски автор, има удел во многу серии што останаа запаметени, како што е „Од глава до петици“. Тој е автор и водител и на емисијата „Мјузик слајд“, која се емитуваше 18 години и уриваше рекорди во однос на гледаноста на телевизијата. Миња шест години беше и уредник и водител на Фестивалот за детски песни во Белград, со што поттикна основање и на други детски фестивали во поранешна Југославија.  си/сд/

Остани поврзан