• среда, 18 декември 2024

Почина Михаил Горбачов

Почина Михаил Горбачов

Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Последниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, почина на 92-годишна возраст по тешко боледување.

Михаил Горбачов беше лидер на Советскиот Сојуз од 1985 до 1991 година и генерален секретар на Комунистичката партија на СССР. Михаил Горбачов беше избран за генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз на 11 март 1985 година, по смртта на Константин Черниенко. Горбачов преку процесот на „перестројка“ го започна процесот на реформи кои требаше да ја подигнат советската економија, која почна да стагнира од почетокот на осумдесеттите. Тој се смета за една од најзначајните политички фигури од втората половина на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1990 година, затоа што придонесе за крај на Студената војна и го дозволи повторното обединување на Германија. По потпишувањето на договорот за крај на постоењето на СССР во 1991 година, поднесе оставка од функцијата претседател. Противниците на неговата политика го осудуваат за забрзување на распадот на Советскиот Сојуз, што, според нив, доведе до опаѓање на глобалното влијание на Русија и го забрза подоцнежниот економски колапс на земјата./  

Остани поврзан