• понеделник, 29 јули 2024

Почина легендата на Манчестер сити, Колин Бел

Почина легендата на Манчестер сити, Колин Бел
Манчестер, 6 јануари 2021 (МИА) - Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на премиерлигашот Манчестер сити, Колин Бел, почина по кратко боледување, на 75-годишна возраст, соопшти синоќа клубот. - Колин замина мирно, по кратка болест што не беше поврзана со Ковид-19, објави Манчестер сити. Бел во дресот на Сити одигра 492 натпревари, и иако беше играч за врска, постигна 152 голови. Според бројот на настапи е на петтото, а според постигнати голови, на четвртото место, на вечната листа на клубот од Манчестер. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан