• среда, 25 декември 2024

Почина легендарниот НБА кошаркар Дикембе Мутомбо

Почина легендарниот НБА кошаркар Дикембе Мутомбо

 

Њујорк, 30 септември 2024 (МИА) – Легендарниот НБА кошаркар и член на Куќата на славните Дикембе Мутомбо почина на 59-годишна возраст.

Мутомбо почина како последица на рак на мозокот кој му беше дијагностициран пред две години.

„Дикембе Мутомбо беше едноставно поголем од животот. На теренот тој беше еден од најголемите дефанзивци во историјата на НБА. Надвор од теренот допре до душата и срцата на сите и им помагаше на сите“, соопшти НБА лигата.

Роден во Демократска Република Конго, легендарниот Мутомбо настапуваше за Денвер, Атланта, Филаделфија, Њујорк, Њу Џерси и Хјустон. Неговиот број 55 беше повлечен од Денвер и Атланта.

Осум пати настапи на Ол-стар натпреварите, а четири пати беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА лигата. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан