• четврток, 26 декември 2024

Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков

Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Александар Стиков е роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио.

 

Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004.

 

Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма Спорт, музика, спорт и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства.

 

Погребот на посмртните останки ќе биде во петок (22 септември 2023 година) во 11.00 на градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10.00), а комеморативната седница во понеделник (25 септември 2023 година) во 11.00 во просториите на Македонската радио-телевизија. зс/

Остани поврзан