• среда, 25 декември 2024

Почина Димитрие Ѓорчески Чауш, најстариот член на планинарскиот клуб Љуботен

Почина Димитрие Ѓорчески Чауш, најстариот член на планинарскиот клуб Љуботен

Тетово, 15 ноември 2023 (МИА) - Денеска на 89 години почина Димитрие Ѓорчески, Диме-Чауш, најстар член на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово, истакнат планинар и скијач.

Од планинарскиот клуб информираа дека Диме Чауш член е на ПК Љуботен од 1947 година.

-До пред месец дена Диме Чауш доаѓаше во канцелариите на клубот и на состаноците ги евоцираше спомените од неговото долгогодишно членување во клубот. Член е на П.К. „Љуботен“ од 1947 година, преку тогашната секција во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, а во истиот период Диме Чауш е и активен член, на почетокот во скијачката секција на клубот, а подоцна во скијачкиот клуб „Љуботен“. Како планинар и скијач, зад себе има оставено огромен број на активности поврзани планинарењето и скијањето, порачаа од ПК Љуботен.

Клубот информираше дека утре 16 ноември во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во капелата на градските гробишта во Тетово, ќе може да се изрази сочувство до семејството, а погребот ќе се изврши во 13:00 часот. ас/ир

Фото: ПК Љуботен 

Остани поврзан