• среда, 25 декември 2024

Почина глумицата Кончата Ферел

Почина глумицата Кончата Ферел
Лос Анџелес, 14 октомври 2020 (МИА) -  Глумицата Кончата Ферел, позната по улогата на домашната помошничка Берта во серијата „Два и пол мажи“, почина вчера на 78-годишна возраст. Смртта настапи поради компликации по срцевата слабост што ја претрпе. Саркастичната Берта беше еден од омилените ликови на обожавателите на серијата, а долгогодишниот главен глумец поврзан со приказната, Чарли Шин, исто така, емотивно се прости од неа. „Таа беше крајно мила, вистински професионалец и искрена пријателка, и ова е шокантна и болна загуба. Берта, твојата грижа за куќата беше сомнителна, но грижата за луѓето беше совршена", напиша Шин на Твитер. Кончата почина опкружена со своето семејство во болницата Шерман Оукс во истоимената месност во Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Таа е номинирана три пати за Еми награда за глума. си/

Остани поврзан