• недела, 24 ноември 2024

Почина висок член на палестинската група Исламски џихад кој штрајкуваше со глад во израелски затвор

Почина висок член на палестинската група Исламски џихад кој штрајкуваше со глад во израелски затвор

Ерусалим, 2 мај 2023 (МИА) - Палестинецот Хадер Аднан, поврзан со палестинската екстремистичка група Исламски џихад, почина денеска во затвор по 87-дневен штрајк со глад, соопштија израелските затворски власти.

Властите соопштија дека Аднан одбил да направи лекарски прегледи и да добие лекарска помош, а рано утринава бил пронајден во несвест во својата ќелија и пренесен во болница.

„Хадер Аднан беше ладнокрвно погубен“, објавија од Здружението на затвореници во Газа WAED.

Четириесет и петгодишниот Аднан, од градот Џенин, е истакната личност во Исламскиот џихад на Западниот брег, окупиран од Израел во војната во 1967 година. Како и исламистичката организација Хамас, Исламскиот џихад се противи на мировните договори меѓу Палестинците и Израел.

Израел го обвинува Аднан за поддршка на тероризам.

Милитанти од Газа испукаа ракети денеска по смртта на Аднан. Израелската војска објави дека три ракети биле лансирани од Газа и „паднале на отворени области“. паг/

Остани поврзан