• четврток, 26 декември 2024

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Софија, 14 март 2024 (МИА) - Патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит почина синоќа на 79-годишна возраст по долго боледување, а веста е објавена на веб-страницата на бугарскиот свет синод.

„Браќа и сестри, на 13 март 2024 година, по долго боледување на Воено-медицинската академија (ВМА-Софија) во 22:22 часот, поради повеќекратно откажување на органите почина Неговата Светост Патријархот Бугарски и Митрополит Софиски г. Неофит, патронот на нашата света православна црква“, се наведува во соопштението, пренесоа бугарските медиуми.

На 29 ноември минатата година Синодот соопшти дека поглаварот на БПЦ се наоѓа во ВМА во Софија, каде што е хоспитализиран поради белодробна болест.

Неофит за патријарх на Бугарската православна црква беше избран во февруари 2013 година. сд/

фото:Бугарска патријашија

Остани поврзан