• недела, 28 јули 2024

Почина актерот Макс фон Сидоф

Почина актерот Макс фон Сидоф
Париз, 9 март 2020 (МИА) - Актерот Макс фон Сидоф почина на 90-годишна возраст, изјави денеска неговата сопруга. Сидоф е роден на 10 април 1929 година во шведскиот град Лунд. Тој актерската кариера ја почна во 1951 година, а неколку години се пресели во Малме, каде се запосна со режисерот Ингмар Бергман. Меѓу најпознатите филмови на Сидоф се Седмиот печат (1957) и Изворот на Богородица (1960) во режија на Бергман. Меѓу последните негови филмови е Војна на ѕвездите: Моќта се буди (2015), а имаше и улога во серијата Игра на тронови. ми/

Тагови

Остани поврзан