• четврток, 26 декември 2024

Починатиот маж најден во Вардар, најверојатно е застрелан 

Починатиот маж најден во Вардар, најверојатно е застрелан 
Гостивар, 1 јануари 2021 (МИА) - Идентитетот на мажот, чие безживотно тело беше извлечено од Вардар кај гостиварското село Чегране уште е непознат. По првичните сознанија од увидот на јавниот обвинител, тој бил застрелан. Од јавното обвинителство Гостивар, информираат дека вчера бил извршен увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години. Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје. Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото и се работи на утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата. Вчера попладне, жител на селото, забележал тело на човек под мостот кое било во фаза на распаѓање, по што го пријавил случајот во полиција. згм/ац/

Остани поврзан