• сабота, 23 ноември 2024

Починал работник од Тетовско

Починал работник од Тетовско

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27) од тетовкото село Ѓермо. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде потоа починал.

Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот бил пријавен на 2 ноември 2024 година.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, известен бил трудов инспектор, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.  мд/aa/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан