• четврток, 26 декември 2024

Починаа четворица пациенти во штипското Инфективно одделение

Починаа четворица пациенти во штипското Инфективно одделение
Штип, 14 февруари 2022 (МИА) - На штипското Инфективно одделение четворица пациенти ја загубија битката со коронавирсуот. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека  две лица се од Кочани на возраст од 60 и 76 години, и по едно лице на 68 години од Штип и едно од Радовиш на 78 години. Според извештајот од болницата, во последните 24 часа новопримени пациенти нема, оздравени  се тројца пацинети. Со ова бројот на хоспитализирани е намален, односно на болничко лекување се 38 ковид пациенти, од кои 35 на Инфективното и тројца пациенти на Кожното одделение.  Загрижувачки е што 82 проценти од хоспитализираните се на кислородна поддршка, односно 31 лице имаат потреба од кислород. Вакцинирани се 17 лица, а слободни се 32 кревети. Во општините од источниот регион  активни се 379  слуачи, најмногу во Штип 119 и во Кочани 118. Двоцифрена е бројката во останатите општини, освен во Пехчево каде по подолг временски период бројката се спушти под десет. вдј/аа/

Остани поврзан