• среда, 25 декември 2024

Почеток на градежните активности за реконструкција на фекална канализациска мрежа на улица „Виничка“

Почеток на градежните активности за реконструкција на фекална канализациска мрежа на улица „Виничка“

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со претставници од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, извршија увид во почетокот на градежните активности за реконструкција на фекална канализациска мрежа на улица „Виничка“ во населеното место Шуто Оризари.

-Со овој проект се реконструира канализациона мрежа на потег во должина од 700 метри, со што се надминува проблемот со преоптоварување на канализацијата и излевање на отпадните води по обилни врнежи на дожд, информираат од Град Скопје. 

Со изградбата на фекалната канализација на целата траса, додаваат од Град Скопје, се поставуваат цевки со поголем профил, а се градат и 21 шахти и 17 сливници за собирање на водите. Жителите на Шуто Оризари на тој потег со техничкото решение во проектот, добиваат трајно регулирање и растоварување на постојната фекална канализација од дождовни води. сст/дма/

Остани поврзан