• четврток, 19 декември 2024

Почетокот на второто полугодие одложен за 1 февруари

Почетокот на второто полугодие одложен за 1 февруари
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта се одложува за 1 февруари годинава, одлучи Владата на Република Северна Македонија сношти на владина седница по препорака на Главниот координативен кризен штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Согласно одлуката, како што соопшти Министерството за образование и наука (МОН), наставата со физичко присуство во училиштата продолжува на првиот ден од месец февруари. - Оваа одлука нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови, посочуваат од МОН. Оттаму апелираат до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од Ковид-19, во домашни услови и на отворено. мс/сп/

Остани поврзан