• недела, 28 јули 2024

Потрага по две лица по пад на воздухопловна едрилица во морето во близина на грчкиот остров Крит

Потрага по две лица по пад на воздухопловна едрилица во морето во близина на грчкиот остров Крит

Атина, 9 ноември 2023 (МИА) – Крајбрежната служба на Грција попладнево започна акција за пронаоѓање две лица по пад на воздухопловна едрилица во морскиот дел северозападно од островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина. 

Во потрагата учествуваат брод и возило на крајбрежната служба, хеликоптер на военото воздухопловство, два крузери и два рибарски чамци. 

Според локалните медиуми, станува збор за двомоторен авион од Аероклубот во Ханија. ср/паг/

Остани поврзан